ТЕРАПИСКИ КУЧИЊА ИМ ДАВААТ УТЕХА НА СЕМЕЈСТВАТА ПО УРИВАЊЕТО НА ЗГРАДАТА ВО ФЛОРИДА

Мајами, (Ројтерс)

Повеќе од 150 луѓе и натаму се водат како исчезнати откако минатата недела се урна дел од 12-катен станбен комплекс во близина на Мајами.

Тал и Моли се клучни членови на спасувачките екипи: тие се обучени тераписки кучиња кои им даваат утеха на луѓето кои очекуваат вести за судбината на нивните блиски.

„Работиме со различни семејства кои ни се обраќаат во центарот. Тие имаат панични напади или проблеми со анксиозноста, па им дозволуваме да се дружат со кучињата, да ги допираат и да се ослободат од емоциите“, вели Линда Перес, претседателката на здружението „Бориквас де корасон“.

Тал има седум години, а Моли една.

Перес вели дека работат со други слични организации со цел да се обезбедат уште обучени кучиња кои би поминувале подолг временски период со семејствата на жртвите.