Почна снимањето на вториот дел на блокбастерот од 2018, „Блек Пантер“, потврди директорот на „Марвел“, Кевин Фиџ. Останува нејасно како ќе изгледа новиот филм, откако Чедвик Боузман, кој ја играше насловната улога, почина лани.
„Јасно е дека ќе биде многу емотивно без Чед. Но, сите се многу возбудени што повторно ќе го претстават светот на Ваканда. Тоа ќе го сториме така што Чед би бил многу горд“, рече Фиџ.
Говорејќи за тоа како ќе се снима продолжението без Боузман, режисерот Рајан Куглер рече дека „тоа било најтешкото нешто што морал да го направи во неговата кариера“.
„Блек Пантер: Ваканда засекогаш“ се очекува во кината на 8 јули 2022.