ЗАПАДЕН БАЛКАН ОД ДЕНЕСКА Е ЗОНА БЕЗ РОАМИНГ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од денеска, целиот регион на Западен Балкан е зона без роаминг. Тоа значи дека за телефонски повици, СМС пораки и интернет помеѓу Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија нема да се плаќа дополнително, односно ќе важат домашните тарифи.

Сепак, користењето интернет ќе биде ограничено согласно пакетот со кој располага корисникот, предупреди Агенцијата за електронски комуникации.

Ова е резултат на договорот што во април 2019 го потпишаа владите на шесте држави, кога прво беше договорено цената на роамингот постепено да се намалува, пред да падне на нула денари на 1 јули 2021. Ова пак треба да биде почетна точка во преговорите за евентуално укинување на роамингот на релацијата Западен Балкан-Европска Унија.