Проектот „Големиот Чајковски“ на Националната опера и балет (НОБ) со над 90 уметници вечерва ќе го отвори 61. издание на Охридско лето.
На сцената на Античкиот театар ќе излезат: балетски првенци, солисти, како и ансамблот и оркестарот на НОБ, под диригенство на Бисера Чадловска.
Директорката на Охридско лето Наташа Поповиќ, вели дека „Големиот Чајковски“ ќе ја донесе балетската трилогија со најубавите дела на рускиот композитор Петар Илич Чајковски, „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“ и „Заспаната убавица“, како и извадоци од балетот „Ана Каренина“ и операта „Евгениј Онегин“.
До 20 август, на Охридско лето ќе има 34 концерти и шест театарски претстави, во кои ќе учествуваат над 500 уметници од 18 земји.
Затворањето е со Југословенско драмско позориште од Белград со претставата „На отворено море“ од Бранислав Нушиќ во режија на Егон Савин.