Кина претстави нов маглев воз способен да постигне максимална брзина од 600 километри на час, објавија државните медиуми. Ова го прави возот најбрзото копнено превозно средство на светот.
Користејќи ја електромагнетната сила, маглев возот лебди над пругата без да има контакт помеѓу нив.
Скратено за магнетна левитација, Кина ја користи оваа технологија речиси две децении, но во многу ограничен обем. Така Шангај има кратка маглев линија која го поврзува градот со еден од неговите аеродроми.
Кина засега не може да ги искористи овие големи брзини бидејќи не располага со меѓуградски или меѓурегионални маглев линии, иако некои градови, како Шангај и Ченгду, почнаа со истражувања.
Со 600 км/час би биле потребни само два и пол часа да се стигне со воз од Пекинг до Шангај, патување долго повеќе од 1.000 километри. Моментално, ова патување трае три часа со авион, односно пет и пол часа со брза железница.