Балетската претстава „Сви марш на плес“ со музика на „Бијело дугме“ ќе се изведе вечерва на Скопско лето, во Националната опера и балет од 20:30 часот. Балетскиот ансамбл го сочинуваат танчари од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија, кореограф е Игор Киров, а драматург Горан Головко.
„Претставата нè води во електричен и измислен свет, во кој песните на ‘Бијело дугме’ стануваат основа за раскажување приказни за едно време и една генерација. Инспирација за атмосферата на претставата добивме од спотовите на бендот – енергични, разиграни, целосно во духот на светските трендови на рок сцената. Рокот во поранешна Југославија беше симбол на еманципација на младите и напредок на општеството“, вели кореографот Киров.
Претставата во саботата се изведе на Охридско лето.