Како што е ред, екипата од „Блуз фамилија“ со клупска свирка го најави второто издание на „Котон блуз фестивал“, што ќе се одржи во септември.

Минатото лето, тој беше еден од ретките музички настани во Скопје во екот на пандемијата, а „Блуз фамилија“ ќе се обиде повторно да се надмине себеси во сè уште неизвесната ситуација со коронавирусот и да донесе гостин од САД, лулката на блузот.

Фестивалот повторно ќе има две вечери, 23 и 24 септември, но ќе се пресели на нова, уште поинтимна локација, во дворот на Кинотеката. Македонската блуз сцена ќе ја претставуваат „Мол пек“ и „ИгиМен бенд“, предводен од Игор Станоевски, од Данска доаѓаат Крис Греј и „БлуСпенд“, а годинашната ѕвезда на фестивалот е американскиот музичар Тони Холидеј.

Г. КОНЕВ