Голема панда роди близнаци во зоолошка градина во централна Франција, што беше опишано како исклучителен настан. Мечињата на Хуан Хуан тежат само 149 и 129 грама.
„Тие се многу слатки, розеви и дебелки“, соопшти зоолошката градина „Бовел“ во Сен-Ењан.
Познато е дека пандите многу тешко се размножуваат, како во природа, така и во заробеништво, но Хуан Хуан, која е позајмена од Кина, веќе беше мајка на тригодишната Јуан Менг, првата панда родена во Франција.
„Целата зоолошка градина беше возбудена откако Хуан Хуан и нејзиниот партнер Јуан Зи успеаја да остварат контакт осум пати во еден викенд во март. Ветеринарите извршија и вештачко оплодување, за секој случај“, кажаа од градината.
Минатиот месец, Кина ги тргна големите панди од листата загрозени животни откако нивниот број во дивина достигна до 1.800.