80-ГОДИШНИОТ ТАПАНАР ЧАРЛИ ВОТС ПРОПУШТА ТУРНЕЈА НА „РОЛИНГ СТОУНС“ ЗА ПРВПАТ ОД 1963

Лондон, (АП)

Тапанарот Чарли Вотс е принуден да ја пропушти претстојната американска турнеја на „Ролинг стоунс“ од здравствени причини. Како што беше објавено, 80-годишниот Вотс бил подложен на успешна медицинска процедура во Лондон откако на рутински преглед било утврдено влошување на проблемот. Групата не прецизираше за што станува збор, но лекарите го советувале Вотс да не оди на турнејата зашто му треба време за одмор и закрепнување.

Тоа ќе биде првпат од 1963 година Вотс да не оди на турнеја со „Ролинг стоунс“.

„Првпат во животот, тајмингот не ми беше баш најдобар, но не сакав поради мене да дојде до одложување на турнејата“, изјави Вотс.

Портпаролот на групата кажа дека ова е разочарувачки, но дека никој не можел да го предвиди. Вотс ќе го замени Стив Џордан, кој долги години свири со Кит Ричардс.

„Ролинг стоунс“ ја почнува турнејата на 26 септември, при што ќе одржи 13 концерти.