„ХАМАД“ ВО ДОХА ПО ОСУМ ГОДИНИ ГО СИМНА СИНГАПУР ОД ВРВОТ НА ЛИСТАТА НА НАЈДОБРИ АЕРОДРОМИ НА СВЕТОТ

Њујорк, (Си-Ен-Ен)
Hamad International Airport, Doha, Qatar

По речиси десет години, „Ченги“ во Сингапур го изгуби статусот на најдобар аеродром на светот. Во годишното рангирање што го прави „Скајтрекс“, на првото место се најде „Хамад“ во Доха.

Ова е признание за големите вложувања на катарската влада во националниот авиопревозник „Катар ервејс“ и во самиот аеродром, па патниците кои преседнуваат на „Хамад“ добиваат бесплатно разгледување на градот, сместување и храна.

Внатрешноста на „Хамад“

„Во услови кога патничките центри во светот беа погодени од пандемијата, ‘Хамад‘ остана недопрен од ограничувањата во патувањето и продолжи со своите планови за проширување и подобрување на стандардите“, соопшти „Скајтрекс“.

Второто место му припадна на „Ханеда“ во Токио, а „Ченги“, кој беше прогласуван за најдобар осум години по ред, сега е само трет. Јапонија има три аеродроми во првите десет, а најдобро рангиран европски аеродром е минхенскиот (6. место), пред Цирих и Лондон.