БЕЛГРАДСКАТА ПРЕТСТАВА „МОЈОТ МАЖ“ ПО ДЕЛОТО НА РУМЕНА БУЖАРОВСКА ВЕЧЕРВА НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Охрид, (СМАРТ СДК.МК)

Југословенско драмско позориште вечерва гостува на Охридско лето со претставата „Мојот маж“, според збирката раскази на македонската писателка Румена Бужаровска.

Режисерка е Јована Томиќ. На сцената „Долни Сарај“ од 21 часот ќе играат српските актерки Јована Беловиќ и Сања Марковиќ.

„Мојот маж“ е едно од најчитаните дела во земјава, а беше поставено и во Драмски театар во Скопје и во Словенско народно гледалишче. Театарската претстава „Мојот маж“ не се препорачува за помлади од 16 години.