„Филмска култура“ е насловена манифестацијата што од утре до 26 август ќе се одржува во земјава. Настанот е дел од владината прослава на 30 години независност.
Проекциите и концертите ќе се одржуваат во Центар за култура Тетово (20-22 август), Центар за култура Битола (20-22 август) и во Кинотека во Скопје (22, 25 и 26 август). Ќе биде прикажана селекција од краткометражни, документарни и играни филмови од македонската продукција.
За време на манифестацијата ќе има и свечена академија на тема „Македонскиот игран филм во следната декада“. Во секој град ќе се одржат три концерти со филмска музика насловени „Филмот може да се слуша“.