Заврши одморот за Ед Ширан. Англискиот пејач објави дека неговиот нов албум насловен „=“ (Еднакво) ќе излезе на 29 октомври. Тој ќе содржи 14 песни, вклучувајќи го неодамна објавениот сингл „Лоши навики“ (Bad Habits).

„Новиот албум е многу личен. Животот многу ми се промени во изминатите неколку години откако се оженив и добивме ќерка. Ова е албум за моето созревање. Едвај чекам со вас да го споделам ова ново поглавје“, изјави Ширан.

Четирикратниот освојувач на Греми награда зеде пауза од музиката и од социјалните мрежи на крајот на 2019, откако две години беше на турнеја по излегувањето на последниот албум „Поделено“.

Новиот албум е напишан и снимен во Лондон, Шведска и Лос Анџелес.