ЏИЛ БАЈДЕН СЕ ВРАТИ ВО УЧИЛНИЦА КАКО ПРВАТА ПРВА ДАМА НА САД СО РЕДОВНА РАБОТА НАДВОР ОД БЕЛАТА КУЌА

Вашингтон, (АП)

Откако со месеци предаваше пишување и англиски преку компјутерски екран, Џил Бајден продолжи со предавањата во училница на Државниот колеџ на Северна Вирџинија, каде што работи од 2009 година. Таа е првата прва дама на САД која излегува од Белата куќа заради редовна платена работа.

„Има некои работи кои се незаменливи и едвај чекам да се вратам во училница“, изјави Џил Бајден неодамна.

Првите дами на САД немаат обичај да работат надвор од Белата куќа. Тие ги поддржуваат своите сопрузи, ги одгледуваат децата или се во улога на домаќинки на разни официјални настани.

Некои први дами биле амбасадорки за своите сопрузи. Елинор Рузвел била особена активна, патувајќи низ земјата поради болеста на својот сопруг Франклин Делано Рузвелт. Во поново време, Лора Буш, Хилари Клинтон и Мишел Обама се откажаа од своите кариери кога влегоа во Белата куќа.

Седумдесетгодишната Џил Бајден, која е доктор на науки, поставува нов пример за идните први дами. Таа почнала да работи како професорка во 1976 година, една година откако го запознала својот иден сопруг Џо Бајден.