АРХИТЕКТОТ СТОЈАН ПАВЛЕСКИ СЕ ПРЕТСТАВУВА ВО ЧИФТЕ АМАМ СО ПРОЕКТОТ „ГЛУВА СОБА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Архитектот и уметник Стојан Павлески вечерва (20 часот) ќе го претстави своето концептуално дело „Глува соба“ во Чифте амам.

Како што велат од Националната галерија на Северна Македонија, овој проект ја преобмислува антрополошката димензија на уметноста во рамките на технолошката ера, во пресрет на враќањето на примитивната енергија на капитализмот.

Павлески е роден во 1976 во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот факултет и на Ликовната академија во Скопје. Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и во странство. Aвтор е на проектот „Ничија земја“ (2016), со кој беше претставник на Македонија на 15. Биенале на архитектура во Венеција.