Австралија изгубила 30% од својата популација коали во изминатите три години како последица на суши, пожари и развојни проекти, објави Австралиската фондација за коали.
Оваа независна непрофитна група вели дека бројот на коали се намалил на 58.000, откако во 2018 ги имало над 80.000, а најголемиот пад, од 41%, е забележан во сојузната држава Нов Јужен Велс, која беше погодена од големи пожари во 2019 и 2020.
„Намалувањето е доста драматично“, изјави шефицата на фондацијата, Дебора Табарт.
Во само една област имало повеќе од 5.000 коали, додека во некои ги имало најмногу десет. Табарт вели дека на Австралија ѝ треба закон за заштита на коали.
„Неопходно е да се преземе акција. Бројките се вистински, а можеби се и полоши“.