ДЕЦАТА ОД „ДАЈТЕ МУЗИКА“ ЌЕ НАСТАПАТ НА ЈУНИОРСКИОТ ЕВРОСОНГ ВО ПАРИЗ ВО ДЕКЕМВРИ

Скопје,, (СМАРТ СДК.МК)

Децата од ТВ-серијалот „Дајте музика“ ќе ја претставуваат Македонија на 19. Јуниорски Евросонг, што ќе се одржи во Париз на 19 декември. Оваа година, МРТ го искористи правото сама да го избере учесникот и се реши за децата од еден од најпопуларните домашни телевизиски програми, во кој редовно се промовира македонската музика.

„Дајте музика“ е копродукциски проект на МРТ, кој по 27 години пауза повторно почна да се снима и емитува во 2019. Во него учествуваат 40-ина деца, најголем дел од актерската школа на Весна Петрушевска, а дел беа избрани и преку јавен повик за млади таленти. Серијалот создаде и продукција од над 80 песни.

Песната за Јуниорскиот Евросонг ќе биде промовирана во наредниот период, а ќе ја напишат композитори кои веќе соработуваат на проектот и добро ги познаваат вокалните и изведувачки капацитети на децата. Македонија е една од 19-те земји кои досега го потврдија учеството на Јуниорскиот Евросонг.