Исланд стана првата земја во светот која што со закон направи да е задолжително мажите и жените со иста работа да бидат платени еднакво.
Според законот, сите компании и владините агенции кои што вработуваат најмалку 25 луѓе се обврзани да добијат сертификат од владата за нивните политики на еднакви плати. Компаниите кои што нема да докажат дека не исплаќаат еднакви плати ќе се соочат со казни.
Законот за еднакви плати доби поддршка од централно десничарската вчада во Исланд, но и од опозицијата, во парламент во кој што речиси 50 отсто се жени. Изминативе девет години, Исланд е рангиран од Светскиот економски форум како број еден земја за родова еднаквост.