Националниот систем на оркестри на млади и деца од Венецуeла, познат како „Еl Sistema“, постaви нов Гинисов рекорд за најголем оркестар на светот откако 8.573 музичари свиреа заедно, објави владата.
Една недела претходно, над 12.000 музичари изведоа едно класично дело повеќе од пет минути, обидувајќи се да срушат руски рекорд поставен пред две години.
Вчерашниот настап беше пренесуван на државната телевизија, по што Сузана Рејес од Гинисова книга на рекорди прогласи дека музичарите од Венецуела поставија нов рекорд, откако над пет минути свиреа марш од Чајковски.
Условите бараат музичарите да свират во исто време, без некој да влегува или излегува од оркестарот или, пак, да си ги менуваат инструментите.
Претходниот рекорд го држеа 8.087 музичари, кои свиреа заедно во Санкт Петербург.