Претставата „Работи за кои не зборуваме“ во режија на Нела Витошевиќ, во продукција на Македонскиот народен театар (МНТ) и „Вондерленд театар“, од утре до 27 декември ќе биде на балканско-европска турнеја. Таа започнува во Белград, па продолжува во Народниот театар во Битола и Полска.
Кон втората половина на декември, претставата ќе се одигра на фестивалот „Денови на Јурислав Корениќ“ во Камерен театар 55 во Сараево, а актерската екипа Драгана Костадиновска, Ивана Павлаковиќ, Сара Климоска, Исмет Шабановиќ и Никола Настоски патувањето го завршува во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.
„Работи за кои не зборуваме“ е креирана според вистински приказни и сведоштва на актерите, како и интимни животни искуства на разни лица. Премиерно беше изведена на 16 октомври.