Роботот Аи-Да користи сопствена база на зборови и анализа на говорни модели за да го изведе делото „Божествената комедија” од Данте. На изложбата по повод 700-годишнината од смртта на славниот италијански писател, Аи-Да ќе стане првиот робот кој јавно ќе рецитира поезија со помош на вештачката интелигенција.
На ултрареалистичниот робот, кој е развиен на Универзитетот Оксфорд и именуван по компјутерската пионерка Ада Лавлејс, му било дадено да ја прочита целата епска наративна поема на Данте, напишана во три дела, во англиски превод. Тој потоа користел алгоритми за да создаде своја изведба на делото. Аи-Да ќе ги изведе песните утревечер во музејот „Ашмолин“ на Оксфорд.
Роботот, кој е изграден за две години од тим на програмери, роботичари, експерти за уметност и психолози, претходно имал самостојни изложби на Оксфорд и во Музејот за дизајн во Лондон и одржал говор. Тој има силиконска кожа, коса, 3-Д отпечатени заби и камери во очите. Иако има нозе, не може да оди, но може да ги мрда рацете и торзото.