„АРС ЛАМИНА“ РЕОБЈАВИ ПЕТ ДЕЛА ОД КОНЕСКИ СО НОВИ ПРЕДГОВОРИ И ПОГОВОРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 16 декември, во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи промоција на пет реобјавени дела од Блаже Конески. Настанот „Сто години од раѓањето на Блаже Конески: Песна од копнеж и песна од мака“ е во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“.

Повторно се објавени стихозбирките „Везилка“, „Црква“ и „Црн овен“ и двотомниот избор од творештвото на Конески, „Збор и опит 1“ и „Збор и опит 2“, кои се со нови предговори и поговори, напишани од угледни книжевници и професори.

Модератори ќе бидат Бисера Бендевска и Ведран Диздаревиќ, уредници на петте книги, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Актерот Ѓорѓи Јолевски ќе чита избор песни од Конески и ќе се прикаже специјално снимено видео.