МУЗЕЈОТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО ИЗЛОЖБА ПОСВЕТЕНА НА МАКЕДОНСКИТЕ ВЕЗИЛКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска во Музејот на Северна Македонија ќе се отвори изложбата „Навезени спомени“, во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески. Презентирани се 53 најкарактеристични народни везови од различни етногеографски области на нашата земја.

Везовите што се поставени во 30 рамки претставуваат значајно сведоштво за креативноста, оригиналноста и вештината на везилките, но и за традицијата што со векови се пренесувала од колено на колено. Автор на изложбата и каталогот е кустос советник Горданче Видиниќ.

„Неслучаен бил поривот на нашиот голем, но и светски признат поет Блаже Конески да ја воспева македонската жена. Во песните ‘Везилка’ и ‘Убавите жени’, тој ги воспева нејзините најдобри, единствени и неприкосновени вредности: мајка, чувар на куќата и домот, вредна домаќинка, но и исклучително инвентивна и талентирана жена, везилка“, вели Видиниќ.