Педесетина штипски гитаристи и тонски режисери снимија спот во чест на 65. роденден на Влатко Стефановски. Гитаристи од сите возрасти, поранешни и сегашни ученици во музичкото училиште „Сергеј Михајлов“ во Штип, се собраа на големата сцена во Домот на културата „Ацо Шопов“ и ја отсвиреа „Чукни во дрво“, еден од најголемите хитови на Стефановски од времето на „Леб и сол“.
Влатко Стефановски е роден на 24 јануари 1957 во Прилеп, а покрај тоа што во Штип одржал десетина концерти, тука го служел воениот рок во 1983 година. Тој секогаш го потенцира тоа кога го прашуваат што го врзува за овој град, каде што има голем број пријатели и колеги.
Т. ЈОВАНОВСКИ