ЛЕКАРОТ АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ ОБЈАВИ ДВЕ КНИГИ ПОЕЗИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Две нови книги поезија објави лекарот Александар Трајковски. Книгите „Лирски елегии” и „Поеми од Балканот” се издание на битолската издавачка куќа „Дата Песнопој”.

Како што вели Трајковски, преку збирките сака најобјективно да ги прикаже убавината на неговата сопруга и поддршката што му ја дава во работата.

„Само преку поезија можам да ја прикажам мојата љубов кон мајката на моите синови, но и да им дадам по некој совет на синовите. Книгите се пораки за моите размислувања за сè она што е небулозно и секојдневно нè опкружува, за сè почестата деструкција и опструкција во нашето општество“, вели Трајковски.

Трајковски е доктор на Клиниката за онкологија. Студирал медицина во Букурешт, одлично го познава романскиот јазик и на него преведува дела од современи македонски писатели.