ДЛУМ ГО ОТВОРА 19. ИЗДАНИЕ НА „ЗИМСКИ САЛОН“ СО УЧЕСТВО И НА РОМАНСКИ УМЕТНИЦИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) денеска (20 часот) го отвора 19. издание на ликовната манифестација „Зимски салон“ во Националната галерија Чифте амам. Селекторка на годинашниот салон е професорката на Националниот универзитет за уметности во Букурешт, Анка Боериу, а темата е „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање“.

Учество на изложбата ќе земат: Коле Манев, Вана Урошевиќ, Кирил Гегоски, Татјана Манева, Никола Пијанманов, Илина Арсова, Филип Фидановски, Шќипе Мехмети, Валентина Илијевска, Жаклина Глигориевска Кочоска, Слободан Живковски, Пандора Апостолоска Саздовска, Златко Бојковски, Христина Зафировска, Стефан Димовски, Ацо Таневски, Мирослав Вељковиќ-Мишо, Јана Луловска, Ангелца Стоиљковиќ, Ивона Велковска, Марина Цветановска Мартиновска, Моника Десоска Каргова, Зуљеха Зубери Али, Бојана Артиновска Трпческа, Драган Верговски-Алпи, Душан Георгиевски, Ангел Димовски-Чауш, Сашо Саздовски, Слободан Милошески, Ненад Тонкин, Маја Танева, Нела Јанковска, Росица Лазеска, Дијана Томиќ Радевска, Ана Ивановска, Марија Мицова Гацова, Тања Таневска, Јана Манева Чупоска, Страхил Петровски, Мице Јанкуловски и Ирена Паскали. Кураторката покани и пет гости од Романија.

Изложбата ќе биде отворена до 19 февруари.