„Реквием за мојот пријател“ од полскиот композитор Збигњев Прајснер вечерва премиерно ќе се изведе во Филхармонијата, со почеток во 20 часот.
Шеесет и шестгодишниот Прајснер се прослави со соработката со легендарниот полски режисер Кшиштоф Кишловски и „Реквием за мојот пријател“ е неговото прво музичко дело кое не е напишано за филм. Прајснер го сними албумот во 1998 во чест на Кишловски, кој почина две години порано.
Диригент ќе биде Емил Табаков од Бугарија, а како солисти ќе настапат сопраните Билјана Јосифов и Катерина Стојановска, тенорот Ѓорѓи Цуцковски, басот Александар Стефаноски (Македонија/Германија), како и гостите од Србија, Бојан Булатовиќ (контратенор), Золтан Борбељ (оргули) и Каролина Бетер (соло блок флејта).