„Тивери корпорејшн“ по пет години се враќа во Македонија, објави „Авалон продукција“. Американското дуо ќе има концерт на стадионот на АРМ во Скопје на 3 јули, ден по настапот на „Арсенал фест“ во Крагуевац.
Зад „Тивери корпорејшн“ стојат Роб Гарза и Ерик Хилтон, кои ја почнаа музичката соработка во 1995 и досега имаат објавено десет албуми. Иако примарниот звук на „Тивери корпорејшн“ е електроника, нивниот музички стил вклучува и елементи на даб, реге, хип хоп, боса нова, есид џез…, а текстовите се на разни јазици.
Картите по цена од 1.500 и 2.000 денари ќе бидат во продажба од утре.