ХОЛИВУД ГИ ПОВЛЕКУВА ФИЛМОВИТЕ ОД РУСКИТЕ КИНА ПОРАДИ ИНВАЗИЈАТА НА УКРАИНА

Лос Анџелес, (АП)

„Ворнер брос“ го прекина прикажувањето на „Бетмен“ во руските кина само неколку дена откако имаше премиера, додека холивудските студија ја запираат дистрибуцијата во земјата како резултат на воената инвазија на Украина.

Покрај „Ворнер брос“, и „Волт Дизни“ и „Сони“ кажаа дека ќе паузираат со објавувањето на нивните филмови во Русија. „Бетмен“, еден од најисчекуваните филмови оваа година, имаше светска премиера во петокот.

„Во екот на хуманитарната криза во Украина, ‘Ворнер брос‘ го паузира прикажувањето на ‘Бетмен‘ во Русија. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата“, соопшти студиото.

Холивуд реагираше додека владите низ светот ги засилуваат санкциите кон Русија и се зголемува притисокот да се прекинат сите деловни врски со неа.

„Дизни“ ја одложи руската премиера на анимираниот филм „Turning Red“, а „Сони“ на новата адаптација на „Марвел“, „Морбиус“.