РУСКИТЕ ЕКИПИ ЌЕ БИДАТ ОТСТРАНЕТИ ОД ВИДЕОИГРАТА „ФИФА 22“

Њујорк, (Би-Би-Си)

Компанијата за видеоигри „ЕА“ ќе ги отстрани руската репрезентација и сите руски клубови од „ФИФА 22“ и други поврзани игри.

„Го направивме тоа во знак на солидарност со украинскиот народ“, соопшти американската компанија.

Ова уследи откако ФИФА и УЕФА ги исфрлија руските екипи од сите меѓународни натпреварувања, при што репрезентацијата нема да игра во плеј-офот за пласман на Светското првенство во Катар.

„Во согласност со нашите партнери ФИФА и УЕФА, ‘ЕА спортс‘ ја почна постапката за отстранување на рускиот национален тим и на сите руски клубови од производите ‘ЕА спортс ФИФА‘. Истовремено, руските и белоруските тимови ќе бидат исфрлени од играта ‘НХЛ 22‘“, кажаа од компанијата.