ИЛОН МАСК Ѝ ОБЕЗБЕДУВА ИНТЕРНЕТ НА УКРАИНА ПРЕКУ СВОИТЕ САТЕЛИТИ „СТАРЛИНК“

Киев, (АП)

Претседателот Володимир Зеленски му се заблагодари на шефот на „СпејсЕкс“, Илон Маск, што ѝ дозволил на Украина пристап до неговиот систем на интернет сателити „Старлинк“.

„Благодарни сме за неговата поддршка за Украина со зборови и дела. Следната недела ќе добиеме уште една пратка на системи ‘Старлинк‘ за уништените градови“, изјави Зеленски.

Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, вчера ги покажа првите уреди што пристигнаа во главниот град.

Овие системи обезбедуваат супербрза интернет конекција директно преку нивните сопствени сателити, што „СпејсЕкс“ интензивно ги лансира во вселената веќе неколку години. Во 2021, консталацијата пораснала на повеќе од 1.700 сателити, но нивната крајна бројка ќе биде многу поголема.

Неколку големи украински града останаа без интернет или мобилни врски поради бомбардирањето од руските сили.