Прославениот авангарден жичен ансамбл „Баланеску квартет“ вечерва ќе настапи во Филхармонијата (20 часот), што ќе биде негово враќање во Скопје по повеќе од 15 години.
Основан во 1987 година, водечката сила на бендот е романскиот виолинист и композитор Александер Баланеску, а во денешната меѓународна постава се и Јури Калнитс (виолина), Хелен Каминга (виола) и Ник Холанд (виолончело). На програмата ќе бидат дела од самиот Баланеску.
„Баланеску квартет“ го објави првиот албум во 1992, кој содржеше преработки на хитови на „Крафтверк“ и од самиот почеток се наметна како уникатна појава во современата музика, дополнето со енергични настапи во живо.