Издавачката куќа „Арс Ламина“ повторно ќе го објави целокупното творештво за возрасни на Оливера Николова, една од најплодните и најзначајни македонски писателки, која денеска наполни 86 години.

Книгите, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, добија ново руво и нови поговори од значајни македонски професори и писатели. Уредник на изданието е Оливера Ќорвезироска.

Станува збор за 12 наслови, спакувани во 10 тома: „Куклите на Росица“, „Тесна врата“, „Куќичка“, „Тромбот“, „Адамовото ребро“, „Збогум Вано, Ванке…“, „Пешаци по црни полиња“, „Белиот чад“, како и „Вежби за Ибн Пајко“ во исто издание со „Песот со тажен поглед“ и „Лева комора“ во исто издание со „Кадифената покривка“.

Јавна промоција на делата ќе се одржи дополнително.