НЕДЕЛА НА ФРАНКОФОНСКИ ФИЛМ ОД УТРЕ ВО КИНОТЕКАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во Кинотеката од утре ќе се одржува Недела на франкофонски филм, по повод одбележување на месецот на Франкофонијата. Настанот го организира Францускиот институт во Скопје, во соработка со амбасадите на Швајцарија и Романија и Кинотеката.

Првата проекција е утре од 20 часот, кога ќе се прикаже францускиот филм „Што зборуваме, што правиме“ (2020) на режисерот Емануел Муре.

На програмата ќе бидат и швајцарскиот филм „Семејство“ (петок, 20 часот), белгискиот филм „Богородица од Нил“ (сабота, 18 часот) и романскиот документарец „Дива Романија“ (сабота, 20 часот).