ТУРЦИЈА ПО ПЕТ ГОДИНИ ИЗГРАДБА ГО ОТВОРИ НАЈДОЛГИОТ ВИСЕЧКИ МОСТ НА СВЕТОТ

Анкара, (Дезин)

По пет години изградба, Турција го пушти во сообраќај мостот „Чанаккале 1915“, кој со вкупната должина од 4.608 метри стана најдолгиот висечки мост на светот. Негов најдолг распон изнесува 2.023 метри.

Мостот е именуван според годината на важна отоманска поморска победа против Британија и Франција во Првата светска војна.

Висечки мост со најдолг распон на светот досега беше „Акаши каикјо“ во Јапонија, со 1.992 метри. Бетонската структура на мостот е поставена на црвени кули, кои се високи 318 метри.

„Чанаккале 1915“ поминува над протокот Дарданели, кој ги поврзува Егејското и Мраморното Море. Се очекува 45.000 возила дневно да поминуваат преку мостот.