Македонскиот стенд ап комичар со британска адреса Влад Илич ќе настапи во „Јавна соба“ во Скопје на 2 април со материјал на англиски јазик. Илич веќе некое време живее во Англија и редовно настапува во тамошните клубови, а вниманието на македонската јавност првпат го привлече откако на интернет се прошири снимка од неговиот настап на „Би-Би-Си 3“.
Откако лани имаше турнеја низ Македонија, Илич сега повторно се враќа дома во организација на „Скопје комеди“, при што ќе одржи ексклузивно шоу со материјалот со кој настапува низ Англија.
Картите се по цена од 500 денари.