Илон Маск купи 9,2% акции на Твитер и со тоа стана најголемиот акционер во компанијата. Зделката е тешка 2,89 милијарди долари и придонесе вредноста на акциите на Твитер да порасне за повеќе од 27%.
Маск сега поседува четири пати повеќе акции од основачот на Твитер, Џек Дорси, кој е на 2,25%.
Извршниот шеф на „Тесла“ е редовен корисник на Твитер, каде што има над 80 милиони следбеници и често објавува новини за своите компании. Тој неодамна кажа дека сериозно размислувал да покрене своја сопствена социјална мрежа.