12. ИЗДАНИЕ НА ЗДРАВО МЛАДИ НАЈАВЕНО ЗА 3 СЕПТЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Младински културен центар објави дека 12. издание на музичкиот фестивал Здраво млади ќе се одржи на 3 септември, а локацијата повторно ќе биде тамошниот летен парк.

Од МКЦ додаваат дека наскоро ќе почнат да ги објавуваат имињата на учесниците, а веќе задутре стартува продажбата на влезници по првична цена од 500 денари.