БАРСЕЛОНА ГО ЗАБРАНИ ПУШЕЊЕТО НА ПЛАЖИТЕ

Барселона, (Ројтерс)

Барселона забрани пушење на сите плажи, а одлуката ќе стапи на сила во јули, објавија градските власти. Ова следува по ланскиот пилот-проект, кога пушењето беше забрането на четири од десетте градски плажи.

„Плажите на кои пушењето не е дозволено ќе обезбедат поздрави живеалишта и помалку отпад и почитување на животната средина“, соопшти градскиот совет.

Балеарските Острови, кои ја вклучуваат и Мајорка, усвоија ваква мерка уште пред пандемијата, а делумна или целосна забрана за пушење на плажите потоа воведоа и Канарски Острови, Андалузија, Галиција и Валенсија.