ТОЈ СЕКОГАШ ЗНАЕ ШТО САКА ДА КАЖЕ, ВЕЛИ НОВИНАРОТ ДМИТРО ЛИТВИН КОЈ ГИ ПРАВИ ГОВОРИТЕ НА ЗЕЛЕНСКИ

Киев, (Гардијан)
In this image from video provided by the Ukrainian Presidential Press Office and posted on Facebook, Ukrainian President Volodymyr Zelenskyy speaks in Kyiv, Ukraine, on Wednesday, March 9, 2022. (Ukrainian Presidential Press Office via AP)

Володимир Зеленски редовно, речиси секојдневно, им се обраќа на Украинците од почетокот на руската инвазија на 24 февруари. Облечен во војничка маица, тој држи емотивни и мотивирачки говори, преку кои се обидува да го крене моралот на нацијата, особено на вооружените сили и да ја придобие меѓународната заедница. Говорите во кои што ги истакнува храброста и непоколебливоста на Украинците секој пат ги завршува со зборовите „Слава на Украина“.

Автор на овие говори е 38-годишниот новинар и политички аналитичар Дмитро Литвин, кој за весникот „Гардијан“ откри дека идеите за говорите потекнуваат од самиот Зеленски.

„Претседателот секогаш знае што сака да каже и како да го каже тоа. Во говорите најважни се емоциите. Мислам дека други лидери би можеле да научат од Зеленски како да ги комбинираат искреноста и емоционалната сила“, вели Литвин.

Тој е дел од најтесниот круг на Зеленски, при што соработува со неговиот советник, новинарот Серхиј Лешченко.

Говорите што ги прави Литвин несомнено имаат ефект. Анкетите велат дека 95% Украинци веруваат дека земјата може да ѝ се спротивстави на инвазијата, додека рејтингот на Зеленски нагло порасна од март наваму.