Дуке Бојаџиев ќе одржи концерт во Скопје на 8 мај, по повод Денот на Европа. Настанот во Градски парк е во организација на Делегацијата на Европска Унија и Европската куќа во Скопје.
Тоа ќе биде прв настап на Бојаџиев во Скопје по концертите во Филхармонијата пред четири години, а најавено е дека ќе го придружуваат реномирани меѓународни и домашни музичари.