Бразил доби нова грандиозна статуа на Исус Христос, која е повисока од онаа во Рио де Жанеиро. Христос Заштитникот во јужниот град Енсантадо е висока 43 метри заедно со пиедесталот, со што е втора највисока статуа на Исус на светот.
Направена од бетон и челик, Христос Заштитникот почна да се гради во 2019 и официјално треба да биде отворена за јавност следната година, откако ќе биде довршен околниот туристички комплекс. Во рамките на статуата ќе има и лифт, кој ќе ги носи посетителите до набљудувачница со прозорец во облик на срце. Целиот проект чини 353.000 долари.
Повисокa статуa на Исус има изградено Полска (52,5 метри), додека легендарната Исус Христос Искупителот во Рио има 38 метри. Сите тие ќе бидат надминати од статуата што моментално се гради во Мексико, која треба да биде висока речиси 76 метри.