Виетнам отвори нова атракција за туристи желни за возбуда – стаклен мост кој поминува над клисура длабока 150 метри, што е трет ваков мост во оваа азиска држава. Висечкиот мост „Бел змеј“ е долг 290 метри, а располага и со 342 метри пешачки патеки околу карпите.
Каленото стакло користено на мостот има три слоја, секој дебел 40 милиметри, при што може да издржи 450 луѓе во еден момент. Издржливоста беше тестирана и така што по мостот помина теренец.
Изградбата на мостот почна во почетокот на минатата година и чинела над 33 милиони долари.