ДЕСЕТТИОТ ВИКЕНД НА ГОРДОСТА СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ОДРЖУВА ВО ЈУНИ И СЕПТЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Десеттото издание на Викендот на гордоста Скопје ќе се одржува од 2 до 11 јуни и од 15 до 17 септември во Музејот на современа уметност, Мала станица, МКЦ, Театар Комедија, КСП „Јадро“ и во „Станица 26“.

Фестивалот за квир култура, уметност и теорија ќе се отвори на 2 јуни во МСУ со изложбата „Екстатични тела: Архива на перформативни квир тела во Македонија“, на која ќе се претстават повеќе од десет домашни и странски автори. Екстатични тела ќе биде главната кураторска тема на годинашниот фестивал.

Најавени се и перформанси на уметници од САД, Велика Британија, Франција и Австрија.

Фестивалот го организираат Коалиција Маргини и ЛГБТИ Центарот за поддршка, а се реализира во партнерство со Локомотива, МСУ, ТИИИИТ! Инк., КСП Центар-Јадро и Терапија.