МЕРИЛ СТРИП СЕ ПОШЕГУВА ДЕКА МАРАЈА КЕРИ Ѝ ГО УКРАЛА МЕСТОТО НА ГЛОБУСИТЕ

Лос Анџелес, (Си-Ен-Ен)

Во шоуто „Џими Кимел во живо“, актерката Мерил Стрип откри дека пејачката Мараја Кери ѝ го зела местото на масата на церемонијата за доделувањето на наградите Златен глобус, која се одржа викендов во Беверли Хилс.

„Кучката ми го зеде местото“, се пошегува Стрип.

Стрип објасни дека се враќала на своето место, кога ја нашла Кери седната на нејзиниот стол и ја видела „како му се улижува на Стивен Спилберг“.

Стрип шегувајќи се додаде дека таа понудила да седне во скутот на Кери: „Зошто да не! Изгледаше комфорно“.

Кери ја објасни случката на Твитер.

„Кога одев кон моето место, заврши паузата за реклами и седнав на првото слободно столче. Излезе дека е веднаш до Стивен Спилберг. На следната комерцијална пауза погодете кој се врати на своето место. Драга Мерил, прости ми“, напиша таа на Твитер.