Композиторката Дајен Ворен конечно ќе може да ѝ се заблагодари на Академијата овој ноември. По 13 номинации без освоена статуетка, Ворен, која напишала музика за повеќе од 100 филмови, ќе биде една од следните добитнички на почесниот Оскар.
Покрај Ворен, почесна награда ќе добијат и австралискиот филмаџија Питер Вир и Јужен Палси, првата црнкинка која режирала филм во Холивуд, додека Мајкл Џеј Фокс ќе ја прими хуманитарната награда „Џин Хершолт“.
Седумдесет и седумгодишниот Вир има шест номинации за Оскар за пет филма, меѓу кои се „Друштво на мртвите поети“ и „Шоуто на Труман“.
Иако е најмалку позната во ова друштво, Палси важи за револуционерка филмаџијка. Таа освои Сребрен лав во Венеција во 1983 за својот дебитантски филм „Sugar Cane Alley“, а во 1989 стана прва црна режисерка која снимила филм за големо холивудско студио („A Dry White Season“).
Фокс (61), ѕвездата на „Враќање во иднината“, ќе биде награден за придонесот во истражувањата на Паркинсоновата болест, со која се бори од 29-годишна возраст.