ВАЈАРОТ НИКОЛА СМИЛКОВ ИЗЛОЖУВА СКУЛПТУРИ СРЕДЕ ПОЛЕ СО ЛАВАНДА ВО СРБИЈА

Штип, (СМАРТ СДК.МК)

Скулпторот Никола Смилков има несекојдневна изложба во поле со лаванда во атарот на селото Тамјаниика во близина на Бела Паланка (Србија), каде што се изложени девет негови дела. Плантажата е подигната од словенечкиот уметник Горазд Чук со намера да го одгледува ова растение и да ја оплеменува со уметнички дела.

Кај Бела Паланка се изложени девет дела на Смилков

Ова е еден несекојдневен спој на природата и уметноста. Како што лавандата има специфична арома, така и скулптурите имаат своја душа. Чинам, присутните го почувствуваа тоа“, вели Смилков.

Изложбата ќе трае до 1 јули, кога официјално ќе започне бербата на лавандата.

На Смилков ова му е втор настап во плантажа со лаванда. Тој претходно имаше еднонеделна изложба во уметнички салони во Будва и Белград.

Т. ЈОВАНОВСКИ