Српскиот кошаркар Никола Јокиќ се согласил на петгодишно продолжување на договорот со Денвер Нагетс, за што ќе добие 264 милиони долари. Ова е најбогатиот договор во историјата на НБА, надминувајќи го рекордот на Гркот Јанис Адетокунбо од 228,2 милиона долари.
Дваесет и седумгодишниот Јокиќ оваа сезона имаше просек од 27,1 поен, 13,8 скока и 7,9 асистенции во регуларниот дел од сезоната, при што втора година по ред беше прогласен за најкорисен играч во лигата (МВП).
Јокиќ ја одигра седмата сезона во НБА, сите со Денвер, кој го избра како 41. пик на драфтот во 2014. Во април, тој стана првиот играч во НБА лигата кој остварил 2.000 поени, 1.000 скокови и 500 асистенции во една сезона.