Шпанскиот моден бренд „Баленсијага“ никогаш не се плашел да поместува граници, но сега отиде во нова крајност со кеса за ѓубре која чини 1.790 долари.
Таканаречената „торбичка за отпадоци“ е направена од телешка кожа и дојде во продавниците како дел од есенската колекција на „Баленсијага“, откако дебитираше на модните писти на Париската модна недела во март. Тие доаѓаат во типични бои за кесите за ѓубре: црна, бела, сина и жолта.
„Не сакав да ја пропуштам шансата да ја направам најскапата кеса за ѓубре на светот, зашто кој не сака моден скандал?“, вели креативниот директор на „Баленсијага“, Демна Гвасалија.