„ДИЗНИ“ ПРВПАТ ИМА ПОВЕЌЕ ПРЕТПЛАТНИЦИ ОД „НЕТФЛИКС“

Њујорк, (Би-Би-Си)

„Дизни“ за првпат го надмина „Нетфликс“ во бројот на претплатници на своите стриминг платформи. На почетокот на јули, „Дизни“ имал вкупно 221,1 милион претплатници на „Дизни+“, „Хулу“ и „ЕСПН“, каде што се емитуваат спортски содржини.

Пандемијата на коронавирусот им даде голем поттик на стриминг сервисите, но и олеснувањето на рестриктивните мерки не влијаеше на привлекувањето нови корисници.

„Дизни+“ додал 14,4 милиони нови претплатници во последното тримесечје, голем дел од нив надвор од САД, додека „Нетфликс“ изгубил речиси еден милион корисници во истиот период и нивната бројка сега изнесува 220,67 милиони.